Арктикот раззеленува

Поради глобалното затоплување, до 2025 година на Арктикот се предвидува бројот на трева, нискостеблести растенија и дрвја, да се зголеми за околу 50%.

Ова „раззеленување“ е резултат на покачената средна вредност на температурата и останатите климатски промени, објаснуваат научниците.

Компјутерскиот модел на промената на климата им овозможи на научниците да ги потврдат своите претпоставки и да направат прогноза. Предвидуваат дека за околу 40 години картата на растителниот свет значително ќе се разликува од денешната.

Во арктичките предели последните децении раззеленувањето се одвива два пати побрзо отколку што е случај за останатите делови од планетата.