Во квалификациите за Европското првенство во ракомет, репрезентацијата на Македонија претрпе пораз од светскиот шампион, Шпанија со 17:24 (полувреме 7:13) во Скопје пред околу 7000 гледачи.
Иако на почетокот борбени и мотивирани, сепак нашите ракометари не можеа да го следат темпото кое го наметнаа шпанците. Особено нивниот адут беше одбраната која најчесто ги спречуваше нашите напади. Гостите на полувреме имаа водство од 6 голови разлика (7:13).
Во второто полувреме резултатски прикажавме малку подобра игра, но далеку недостижна беше предноста на шпанците од првото полувреме.
На крајот, резултатот 17-24 ја даде реалната слика за тоа, колкава беше разликата помеѓу „формата“ на нашата репрезентација и супериорноста на Шпанија.
Следниот натпревар од квалификациите за Европско првенство, Македонија го игра на 7-ми април во гости против Шпанија.
WebOhrid