Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цените на бензините остануваат непроменети, информираат од Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуродизел ќе изнесува 70,50 денари за литар. За половина денар се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава за 59 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува 82,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС одн 98 октани 84 денари за литар. Не се менува и цената на мазутот М-1 НС која изнесува 42,471 денар за килограм.