ВМРО-НП: Што поскоро да се најде решение за проблемот со високиот водостој

ВМРО – Народна партија пред месец и половина предупреди за високото ниво на водата во Охридското езеро.

„Поучени од минатите години, предупредивме дека во наредниот период нивото на водата ќе се зголемува со цел да се избегнат штети на објектите кои се наоѓаат во непосредна близина на езерото.

Уште еднаш сакаме да упатиме апел во Владата на Република Македонија и до ЕЛЕМ, како едно од решенијата на овој сериозен проблем, да го уредат старото речно корито на реката Сатеска. Тоа корито, од селото Волино се до вливот во Црн Дрим мора по итно да се уреди, водата да се насочи директно, што ќе помогне во запирање на покачување на нивото на водата во Охридското езеро.

Се надеваме дека Владата ќе најде разбирање за граѓаните на Охрид и на Струга и толку колку што може ќе се погрижи околу заштитата од овој проблем. Доколку не сакаме поголеми штети, мора по итно да се изнајде решение за проблемот со нивото на водата“. – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија – Охрид.

WebOhrid