Пандев даде гол, а Кавани?!

Во 31 коло од италијанската Серија А, Наполи ја совлада Џенова со 2:0. Резултатот го отвори нашиот репрезентативец Горан Пандев со прекрасен гол во 18 минута. Во 29 минута Џемаили зголеми на 2:0 и го постави конечниот резултат.

„Јунак“ на натпреварот може да се каже дека беше Кавани, кој пропушти неколку идеални шанси, па дури промаши и пенал.

Наполи на 7 кола до крајот на првенството во Италија, остана на второто место, зад Јувентус со -9 бодови, додека пак со +4 бодови пред Милан кој е на третото место.

WebOhrid