Јохан Тарчуловски се врати во Македонија

Јохан Тарчуловски, после осум години поминати во затвор, се врати во Македонија. Попладнево, премиерот Груевски го пречека Јохан Тарчуловски со владин авион на скопскиот аеродром.

Пред стотиците поддржувачи и граѓани кои се собраа да му посакаат добредојде, Тарчуловски истакна дека жртвата за Македонија нема цена.

„Вашата поддршка која ми ја дававате иако беше од далеку многу ми значи. Се докажа дека жртвата за Македонија нема цена. Како што рече и Гоце Делчев за делото нема почеток и крај, а нема ни условување. Моите први зборови се голема благодарност до сите македонски бранители кои се со нас и оние кои го дадоа животот за Македонија“, – беше првата изјава на Тарчуловски по пристигањето во Македонија.

Јохан Тарчуловски придружуван од семејството, премиерот Никола Груевски и високи владини функционери ја посети и Владата. Пред Владата го пречекаа неговите симпатизери и му беше врачено знамето на Македонија.

фото: МИА