„Ај да си речиме уште една“ во Центарот за култура во Струга

Во сабота, 13-ти април, во Центарот за култура Браќа Миладиновци во Струга, ќе гостува Народниот театар од Охрид со претставата „Ај да си речиме уште една“.   

„Ај да си речиме уште една“, е авторско дело на режисерот Андреј Цветановски и зборува за творештвото на еден народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и доказ за цивилизацијата што се развива во еден регион, белег за одликите и навиките на еден народ.

Улогите во претставата ги толкуваат: Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ и Игор Георгиев. Костимите се на Кристина Мукоска-Затуроска, светло Зоран Левески, тон Филип Ангеличин Жура.

Почетокoт на претставата е во 20:00 часот.