На кино репертоарот во Центарот за култура ќе се прикажува филмот “Hеre and There”, 85 минутна комедија, драма – 14 мај 2010 (САД). Проекции на филмот ќе има секој ден од 16.04.2013 (вторник) до 18.04.2013 (четврток) со почеток во 19:00 часот.
„Тука и Таму“е филм на Дарко Лунгулов; Директор на фотографија: Матијас Шонинг; Монтажа Дејан Урошевиќ; Музика: Дејан Пејовиќ; Сценограф Ивана Николиќ и Фил Букелато.
Улогите ги толкуваат: Давид Торнтон (Роберт), Мирјана Карановиќ (Олга), Бранислав Трифуновиќ (Бранко), Јелена Мрѓа (Ивана) и Синди Лопер (Роуз).
„Тука и Таму“ е дебитанскиот филм во режија и сценарио на Дарко Лунгулов, српски емигрант во САД. Приказната го следи Роберт (Давид Торнтон) кој е пропаднат саксофонист од Њујорк, хронично депресивен што го спречува да комуницира со светот.
Влезот чини 100 денари.
Картите се во продажба на билетарата во Центарот за култура – Охрид, секој работен ден по 15:00 часот.
WebOhrid