Ако минатата година, атракција беа двете чела, овојпат се очекува публиката да бара билет повеќе за концертот на светската атракција, спектакуларниот квартет „Бонд“ кој доаѓа во Македонија првпат, по седумгодишни преговори. На 27 Јули, сабота, концерт на светската атракција, гудачки квартет составен од четири талентирани, креативни и атрактивни девојки.
„После седум години преговарање, работа, труд и трпение, конечно големата атракција БОНД на 53тото издание на Охридско Лето. Изминатите години имаше неколку обиди концертот на БОНД да се реализира во Скопје, но ваква светска атракција заслужува да биде претставена за прв пат во Македонија исклучиво на Охридско Лето како најзначајна музичко сценска манифестација во Република Македонија и верувам радоста ќе ја споделиме со многубројната публика што ќе го посети овој концерт“, рече музичкиот селектот Гордана Јосифова Неделковска.
БОНД е група која ја црпи својата инспирација од класичната, латино, џез, фолк, рок, поп, електро музиката. Нивниот успех е препознаен насекаде во светот. Имаат издадено многу албуми, и дел од нив се продале платинум во 56 земји. До сега севкупно имаат тираж од повеќе од 4 000 000 албуми. Нивниот последен албум PLAY кој го издадоа во средината на 2011 годинна постигна огромен успех, и е продаван во многу земји низ светот. Минатата година БОНД имаа спектакуларен настап заедно со Расел Бренд на церемонијата со која се затвараа Олимписките игри во Лондон. Имаат зад зебе многубројни интервјуа и настапи по светски познати ТВ канали како CNN, FOX news, BBC, NBC, MTV, итн. Но нивното освојување на се повеќе фанови од различни земји од различни континенти продолжува.