Одговорните од УЕФА во посета на локациите за изградба на фудбалски терени

По повод заедничкиот проект меѓу Фудбалската федерација на Македонија, единиците на локална самоуправа и УЕФА за изградба на фудбалски игралишта со вештачка трева, денеска во куќата на фудбалот во организација на ФФМ се одржа првиот состанок за проектот.

На работниот состанок присуствуваа Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, претставниците на УЕФА, Давид Патриашвили – одговорен за националните асоцијации и “хет трик“ програмата на УЕФА, Маркус Келер – експерт за фудбалски терени и овластени лица од општините Битола, Ѓорче Петров, Гази Баба, Штип, Тетово, Велес, Охрид, Прилеп и Струмица.

За време на престојот гостите од УЕФА ќе ги посетат локациите на кои е предвидена изградбата на фудбалските игралишта.

FFM2