Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски денеска (вторник, 16.04.2013 година) оствари средба со Високиот претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, г-ѓа Кетрин Ештон.
На средбата се разговараше за реформите кои се спроведуваат и за европските интеграции на Република Македонија.
Двајцата соговорници истакнаа позитивна оценка за поентите од пролетниот извештај на Европската Комисија афирмирајќи дека дава основи за напредок на земјата.
Беше констатирано дека Пристапниот дијалог на високо ниво кој Република Македонија го води со Европската Унија е од големо значење за земјата, покажал резултати и помогнал за имплементација на реформите за достигнување на европските стандарди.
Премиерот Груевски ги истакна реформите кои се спроведуваат во повеќе општествени сфери, и фокусираноста на Владата на Република Македонија во модернизацијата на земјата, кои беа констатирани и во декемврискиот извештај на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија.
Тој ја истакна посветеноста за негување на добрососедските односи и за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение со Грција за наметнатиот спор околу името на Република Македонија под покровителство на Обединетите Нации.
Премиерот се заблагодари за ангажманот и залагањето на г-ѓа Ештон во поддршката за надминување на предизвиците и прогрес на целиот регион.
Соговорниците истакнаа дека во реализацијата на европската интеграција на Република Македонија како и досега ќе продолжи партнерскиот однос и соработката.