Карл Билт: Во 2014 година преговори со сите земји од ЈИЕ

Европската унија би требало во 2014 година да ги отвори пристапните преговори со сите земји од југоисточна Европа (ЈИЕ), бидејќи во спротивно се заканува опасност од избивање на социјална и политичка напнатост како што се случувало во минатото, изјавил шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт.

„Сите преостанати земји би требало да ги отворат преговорите во 2014 година, тоа е реална и достижна цел… доколку тоа не се случи, гледам опасност од зголемена напнатост“, рекол Билт.

Искусниот шведски дипломат кој веќе 20 години како меѓународен посредник е активен во регионот, посебно ги повикал Србија и Косово да постигнат договор за нормализација на односите кои се услов од ЕУ за продолжување на европските интеграции на тие земји.