Повторно кражба на цвеќиња во градскиот парк

Во текот на изминатиот ден украдено е сезонско цвеќе (околу 30 садници очиња и кранфилчиња) кои се засадени во градскиот парк пред хотелот „Ривиера“ и покрај пешачката патека пред Центарот за култура „Григор Прличев“. Штетата од страна на екипите на „Паркови и зеленило“ е веднаш санирана и засадени се нови садници, но загрижува фактот што оваа појава континуирано се повторува и се деградираат градските паркови и  цветните катчиња.

Се апелира до надлежните служби за поголема присутност и надзор над зелените површини, и секако апел до граѓаните за поголема грижа кон зелените површини и повисока еколошка свест.

cveka2