Македонската репрезентација до 17 години одигра 0:0 против Босна и Херцеговина во контролен натпревар на гостувањето во Сребреник. Нашата селекција во првото полувреме пропушти две големи шанси да го отвори резултатот, недосудениот пенал во наша корист е моментот за одбележување во вториот дел. Македонската репрезентација играше во состав: Целески, Бочевски, Гичевски, Георгиевски, Дигаловски, Јевтовски, Лазаровски, Курт, Петковски, Здравковски и Христов. Шанса за настап добија и Кудијан, Георгиев, Мирчевски и Кочовски.
Селекторот на кадетската репрезентација, Јетон Несими изјави дека е задоволен од играта на своите избраници.
“Задоволен сум од играта и дисциплината во тимот. Играчите кои добија шанса тактички се однесуваа многу зрело, нешто што во изминатите неколку години не беше наша позитивна карактеристика. Одигравме добар натпревар, се надевам на победа во вториот дуел со босанците“.
В четврток во 11:00 часот во Модрича, Македонската репрезентација го игра вториот контролен натпревар против БиХ.