У19 БиХ 1:0 Македонија

Репрезентацијата на Македонија до 19 години загуби со 1:0 во пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина одигран во Модрича. Ренато Гојковиќ во 25. минута го постигна погодокот за победа на домашната репрезентација. Репрезентацијата на Македонија во 75. минута преку Христијан Костовски ја пропушти најубавата шанса да го израмни резултатот. Селекторот на нашата селекција, Алексо Мацков натпреварот го започна во состав: Шишковски, Зајков, Ристевски, Трајковиќ, Глигуровски, Бојку, Наумоски, Стоилов, Демир, Костовски и Марковски. Шанса за настап добија и Митров, Сулејманов, Барди, Иванов, Малиќи, Христов и Асани.

“Одигравме динамичен натпревар, многу квалитетни први 20-ет минути во кои не искористивме неколку убави шанси да го отвориме резултатот. Примивме гол по наша грешка и не успеавме да се вратиме во ритамот во кои го започнавме натпреварот. Одлично го отворивме и второто полувреме, но повторно не успеавме да реализираме. Правиме анализа, им укажуваме на фудбалерите на добрите моменти и се трудиме да ги намалиме грешките. Релативно кратко време сме заедно, сеуште го градиме тимот и мораме да размислуваме позитивно. Се надевам на позитивен резултат на втората пресметка“, изјави селекторот на репрезентацијата Алексо Мацков.