Акција за зелен отпад од населба „Билјанини Извори“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 20.04.2013 година (сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и др.)  од населба „Билјанини Извори“.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефон 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигне.