Денес и утре сонце, од недела дожд

Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 15 степени. Во сабота ќе преовладува сончево време со мала умерена облачност, со температура до 15 степени. Во недела не очекува облачно време со услови за врнежи од дожд и температура до 17 степени.

Од понеделник до среда, метеоролозите најавуваат облачно време со врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 4 до 18 степени.