Денес целиот свет го одбележува Денот на планетата Земја, а целта е да се зајакне свеста и почитувањето на луѓето за животната средина и природата како и да се најде прифатливо решение за здрава и чиста животна средина.
По тој повод, претставникот на Билатералниот Секретаријат за сливот на Охридското Езеро, Дејан Пановски вели дека секојдневно треба да се грижиме за планетата Земја, за здрава и чиста околина, а не само во денови кога тие се одбележуваат.
„Се присетуваме на животната средина само на денови на планетата, на екологијата. Сите други денови вршиме жестоки напади врз водите, воздухот, почвата, живиот свет, како да ни се најголеми непријатели. И потоа одеднаш повторно сме загрижени за нив и кажуваме некакви пароли со важност само до следниот ден. Тоа однесување е класичен ЕКО-тероризам врз сопствената планета!“ – истакна Пановски.
WebOhrid