Редовно измивање на водоводната мрежа пред почетокот на летната сезона

Екипите на Р.Е. Водовод Охрид во среда, 24 април, со почеток од 00:00 часот до 18 часот ќе вршат интервенција на водоводната мрежа, односно преземање редовни активности пред почетокот на летната сезона како што се измивање на водоводната линија, вршење поправки на главните шибери, отклонување на дефекти  и сл.

Прекин во водоснабдувањето ќе има целиот град и потрошувачите до хотел Метропол, додека пак населените места Лескоец и Велгошти ќе имаат нормално водоснабдување.