Се известуваат сите физички и правни лица кои имаат поставено тезги, штандови и друг вид на опрема на јавните површини на територијата на општина Охрид, а не поседуваат соодветна документација издадена од стручните служби на Локалната самоуправа, должни се веднаш истите да ги дислоцираат, односно, отстранат.
Комуналната инспекција во соработка со останатите служби ќе врши засилен надзор и ќе бидат преземени санкци за оние кои не поседуваат документација.
Општина Охрид ја подготвува новата Програма за поставување урбана опрема (т.н. летна шема), со која ќе биде утврден просторот и начинот на издавање на дозволите.
Со летната шема се предвидува поставување на унифицирани тезги, штандови и друга урбана опрема со која ќе се регулира локацијата и намената на објектите.
За критериумите за добивање дозвола за користење на унифицираните тезги, заинтересираните субјекти ќе бидат дополнително известени веднаш по усвојувањето на Програмата за поставување урбана опрема од страна на Советот на Општина Охрид.
До нејзиното усвојување не е дозволено поставување урбана опрема и извршување на ваков вид на дејност, информираат од Општинскиот инспекторат.