По повод 108 годишнината од херојската смрт на македонскиот револуционер, илинденецот Христо Узунов и неговата чета, денеска делегација на општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески во градскиот парк положи свежо цвеќе пред бистите на Христо Узунов и Методи Патчев.
Одржан беше и пригоден историски час за животот, делата и херојската погибија на илинденецот кој е една од најсветлите точки во македонското револуционерно движење.
„Чинот на саможртва на Христо Узунов, неговото дело и ликот, негувањето на заветот кој што тој го дал пред тогашните генерации, во исто време и завет на генерациите кои денес го наследуваат, тоа е да се гради едно мирно и просперитетно општество, значи да се живее во слобода, а она што е наша должност и обврска од неговиот лик и дело е да продолжиме да го развиваме општеството, да ја развиваме оваа заедница во Охрид и Република Македонија, да се стремиме кон освојување на европските стандарди на живеење и градење на системот“, – истакна градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.
Како што потенцираше Бакрачески, должност и одговорност пред заедницата е да се создадат услови за генерациите кои што даоаѓаат да живеат во една уште поразвиена заедница.
Делегацијата на општина Охрид, свежо цвеќе положи и на гробот на Христо Узунов во селото Цер, Кичевско.
WebOhrid