Драги мои, во поновата историја на развојот на ДЕМОКРАТИЈАТА, една од попрактичните модалитети, кои овозможуваат интеграција на „малите, автохтони и ранливи“ категории во институциите на системот е т.н. модел на „позитивна дискриминација“. Тој модел, е применлив, во држави, кога врз одреден етникум, се вршело свесна изолација по хоризонтала и по вертикала и се позиционирала на маргините на севкупното живеење. Прилично, таквото недемократско и сума сумарум, некорекно однесување, во принцип потрајува подолг временски интервал. Во новите демократии, за да се „надомести нанесената штета и неправда“ кон тие категории се практикува принципот на „позитивна дискриминација“ која во суштина е „валоризација“ но не и нарушување на уставното начело на еднаквост и рамноправност на граѓаните.
Тој, демократски принцип, и тоа како е потребен во „хетерогени општества“ општества во кои егзистираат повеќе етникуми со сите свои различности, кои треба да се перцепираат како придобивка, и никако поинаку.
Деновиве, и тоа како се потсетив на она народната „човек на човека е волк“ кога одреден/и портали, без нималку да се сочувствуваат со своите сограѓани, кои во вакви ужасно тешки економски услови, кога цела Европа е во економска криза, и кога цели Владини тимови,/мислам на Владата на Република Македонија, кои даваат се од себе да ја „ублажат“ и онака скромната македонска економија, преку привлекување на странски инвестиции, некои си новинар/и, тежнеејќи да си ја зголемат својата читаност, која патем им падна, после убедливиот пораз на сега веќе „екс локална власт“ се нафатија таму каде што е најтенко. Бедно, мизерно, несолидизирано.
Сите предходни дејанија, ми даваат за право да се сомневам, и да си го користам правото на слобода на мислата, како некој да сака, уште на старт да и наштети на новата легитимно избрана Локална власт, иако не сакам да му верувам на гореизнесеното, кое ги ништи сите „хумани демократски начела“. Но, Охрид, со новата и надежна Локална Самоуправа има среќа, што истата има демократски капацитет да ги надмине овие предизвици.
Верувам во мојот народ, тие се лојален, мирољубив, и народ кој верува во своите пријатели. Бидејќи, само така знаат да размислуваат. На крајот, драги мои, должам, во името на Египќанката Надире Мехмедовска, да му се заблагодарам на Др Никола Бакрачески, кој издвоил драгоцено време, како врвен и докажан доктор, но и човек, да помогне да и го спаси животот. Овој пример, треба сите ние, да го следиме.
Зошто, ваквите прашања, каде најпогодени се, токму ранливите категории, не се покренуваа за време на владеењето на претходната локална власт? Зошто, токму сега? Зарем, тие не беа на местата, каде што беа, и тоа за време на владеење на претходната локална власт? Прашања, кои бараат одговор.
СИТЕ НИЕ СМЕ САМО ЧОВЕЧКИ БИТИА, ИМА НЕКОЈ ГОРЕ ШТО ГЛЕДА И СУДИ…
Со почит, Демир Далип – овластен претставник на Египќаните за надворешна соработка.
*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.