1-ви и 3-ти мај неработни денови

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен  весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 1 мај 2013 година (среда), Денот на трудот, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Исто така од министерството информираат дека 3-ти мај, односно Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Истовремено,  Министерството за  труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита  Денот на трудот, како и на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Велики Петок.