Интензивно се работи на канализациониот систем во Лескоец

Градоначалникот Бакрачески заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, денес ги посетија градежните зафати во селото Лескоец, за да се уверат како тече изградбата на канализациониот систем.

Инвестицијата за изградба на канализациониот систем во должина од 7,2 километри чини 66 милиони денари. Овај проект е еден од дваесетината проекти кои се реализираат со европската инвестициона банка, значаен проект кој беше дел од програмата на градоначалникот, поддржана од Владата на Република Македонија.

„Ова е доказ како локлната власт треба да соработува со Владата на Р Македонија. Ова е уште еден од поголемите проекти кои вредост е поголема од 66 милиони денари, кои ние ги реализираме. Една третина е веќе завршена и очекуваме до март следната година да биде завршена и пуштена во употреба втората и третата фаза од изведбата на канализиациониот ситем во село Лескоец“, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.

leskoec_kanalizacija_400

„Ова е значаен инфраструктурен проект за ова населено место. Се работи за изградба на канализационен систем во должина од 7,2 километри инвестицијата е 66 милиони денари. Согласно договорт со градежната компанија, најдоцна во месец апреил се очекува да завршат градежните работи и конечно Лескоец да добие канализација“, истакна министреот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Доказ дека интензивно се работи на овој проект е фактот што скоро 30% од градежните работи се завршени, односно околу 2,5 километри канализациона мрежа е поставена. Со оваа инвестиција се решава големиот проблем кој го имаа жителите на селото Лескоец и за кој години наназад бараа надлежните да го решат.

leskoec_kanalizacija_4003