Современата машина за перење почнува да откажива после 5 години, модерните телевизори не работат после само 24 месеци, а мобилните телефони ефективно може да се користат една година. Ова го покажуваат резултатите на најновиот извештај на Европскиот Центар за потрошувачи. Нивните истражувачи тврдат дека денешните производи од бела техника намерно се произведуваат со краток гарантен рок. Со тоа, потрошувачите се принудени да купуваат нови за само неколку години.
Во извештајот „Програмирана дотраеност, продукт на потрошувачите“, се наведуваат бројни примери за тоа како потрошувачите го добиваат производот на кој однапред му се знае рокот, односно кога треба да се фрли. Еден од тие случаи се новите машини за перење, кои се програмирани да издржат од 2000 до 2500 перења.
Трајноста на производите во Европа е намерно планирана, а најчесто станува збор за „функционална грешка“ или дефект.
Европските истражувачи напоменуваат дека телевизорите се програмирани да работат до 20 000 часови, а најчесто откажува кондензаторот.
Европската комисија казни дури 7 произведувачи на телевизори со 1,4 милијарди евра, бидејќи нивните производи престанувале да функционираат веднаш по завршувањето на нивната гаранција.