Во четврток ќе се одржи третата седница на Советот на Општина Охрид

Во четврток, 2 мај, со почеток во 12 часот ќе се одржи третата седница на Советот на Општина Охрид. 

На седницата на дневен ред ќе се најде една точка на која што советниците ќе расправаат и одлучуваат по Предлог одлуката за усвојување на Годишната програма за поставување на урбана опрема во општина Охрид за 2013 година.