Одбележан Денот на Министерството за надворешни работи на Македонија

Во просториите на министерството, денес со пригодна свеченост беше одбележан денот на МНР-29 април.

Одбележувањето на денот на МНР е традиција која трае веќе неколку години. Притоа, во своето обраќање Министерот Попоски истакна дека институционалната меморија е значајна бидејќи ги чува спомените за нашите дипломатски битки и достигнувања. Професионалноста, стручноста и етиката треба да продолжат да бидат главните адути на македонската дипломатија.

Во рамки на свеченоста, министерот Попоски им врачи благодарници на вработените кои заминаа во пензија минатата година, а беше доделено и признание за најуспешен млад дипломат на годината.