Европа ги забранува инсектицидите кои ги убиваат пчелите

Европската комисија одлучи да го забрани користењето на инсектициди кои ги убиваат пчелите. Забраната ќе се однесува на целиот европски континент.

Тоа претставува голема победа за милионите еко-активисти кои со повеќе кампањи им се спротивставија на штетните инсектициди, а тоа го поддржа и Европската агенција за безбедност на храна.

Забраната на штетните инсектициди ја поддржаа повеќе земји членки на ЕУ. Сепак, функционерите не собраа доволен број на гласови за забраната да се воведе. Поради тоа, одлуката падна кај Европската комисија, која одлучи да забрани само три инсектициди, кои се сметаат за најштетни за инсектите, како што се пчелите.

Изумирањето на пчелите и другите инсекти претставува огромен проблем, со оглед на тоа дека инсектите се заслужни за опрашувањето кај растенијата. Последните неколку години инсектите забрзано изумираат, а како главни причине се наведуваат: болести, уништувањето на природните живеалишта и изложеноста на штетни инсектициди.