Средба на градоначалникот Бакрачески со претседателот на CHW од Германија

Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска оствари работна средба со Претседателот на Христијанската организација за помош Г-динот Фридер Вајнхолд, од градот Висмар, Сојузна Република Германија. Градоначалникот Бакрачески беше информиран дека оваа организација веќе петнаесет години е активна со своите фондови и хуманитарни акции во областа на Поградец и Преспа во Република Албанија. Г-динот Вајнхолд изрази интерес за соработка на полето на проширување на активностите на организацијата и на македонската страна како еден облик на погранична соработка која би била база за заеднички регионален настап пред европските фондови, институции и други организации.

Посебен интерес предизвика отварањето на можноста за воспоставување на партнерска соработка помеѓу Општина Охрид и градот Висмар, дотолку повеќе ако се знае дека се работи за град чие старо јадро е ставено под заштита на УНЕСКО како културно и историско наследство. Во таа насока Градоначалникот Бакрачески предложи а од страна на Г-динот Вајнхолд  побара посредничка помош во процесот на  отпочнување со процедура за воспоставувањена односи за меѓусебна соработка и партнерство помеѓу Охрид и Висмар, што би овозможило искористување на можностите за користење на Фондовите на УНЕСКО за заеднички интерес.  Интересно е што Општина Охрид во досегашниот период нема воспоставено партнерска или било каков друг облик на соработка ниту еден град во Сојузна Република Германија.

CHW_2