Градоначалникот Бакрачески оствари средба со граѓани

Заинтересирани граѓани во големата сала на Општина Охрид имаа можност пред градоначалникот Никола Бакрачески да ги изнесат своите ставови, мислења и  проблеми со кои се соочуваат во секојдневниот живот.

На средбата беа присутни и Раководителите на секторите и одделенијата на Локалната самоуправа кои на граѓаните им ги посочуваа законските решенија, права и обврски кои произлегуваат од законите и законските прописи кои владеат во Р. Македонија.

Практиката за средба со граѓаните ќе продолжи и во наредниот период, а со тоа ќе се зголеми транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните.

Sredba_so_gragani_2 Sredba_so_gragani_3