Соларен авион леташе од Калифорнија до Аризона

Солар Импулс слета на аеродромот „Скај Хаброр“, откако леташе неколку часа по заоѓањето на сонцето. Со тоа, тој ја заврши првата етапа од патувањето низ САД, кое еден од пилотите го нарече „пресврт“ во историјата на авијацијата.

Соларниот авион слета во Феникс, во американската држава Аризона, откако претходно полета од Калифорнија.

Солар Импулс важи за најнапреден авион на соларен погон. Неговите конструктори велат дека ова е само првиот обид со соларен авион, способен да лета и дење и ноќе без гориво, да ја прелета Америка.