Активни само Новески и Наумоски

Од повеќето наши фудбалски интернационалци активни оваа сабота беа само Новески и Наумоски.

Во германската Бундеслига, Николче Новески го одигра целиот натпревар во кој Хановер и Мајнц ремизираа 2:2.

Додека пак во Австрија, Матерзбург победи со 3:1 против Волфсбергер. Илчо Наумоски не успеа да постигне гол за неговиот тим, беше изваден од игра во 70 минута.

Горан Попов поради повреда го пропушти дуелот помеѓу Вест Бромвич Албион и Виган, во кој неговиот тим со 2:3 изгуби од Виган на домашен терен.

Во Белгија, Мехелен во гости победи против Шарлерој со 1:2. Томе Пачовски мечот го проследи од клупата за резерви кај Мехелен.

WebOhrid