Велигденска честитка од градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски, испрати честитка до сите граѓани по повод најголемиот христијански празник – Велигден.

„Дозволете ми да упатам искрени честитки до сите жители кои го слават најголемиот христијански празник Велигден, Празник во кој се слави Христовото Воскресие бележејќи ги најголемите Христијански вредности. Радувајќи се на животот, љубовта, трпението и милосрдието се радуваме на делата кои ги правиме. Доколку нашиот живот биде исполнет со добри дела, тогаш ја разбираме смислата на нашето постоење. И со силна верба во Бог, да чекориме кон подобро утре“. – стои во честитката од градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски.