Заев: ВМРО-ДПМНЕ за само три месеци станала сопственик на имот од над 1.600.000 евра

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес одржа прес  конференција, на која истакна :

„Никола Груевски не само што лично договарил кеш во милиони евра. Не само што се примале кеш пари во ВМРО-ДПМНЕ, по налог на лидерот Груевски. Не само што станбената треска, којашто почна од премиерот Груевски со 4 стана на име на неговата мајка, е проширена кај неговите високите владини функционери, министри, пратеници, телохранители. Сите тие, за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, како што знаете, успеале да се стекнат со станови среде Скопје, окупирајки дури цели згради. Денеска ќе обелодениме дека тоа не е се. Дека тоа е само мал дел од она што го работат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ зад грбот на граѓаните. ДЕНЕСКА ЌЕ ОБЈАВИМЕ ОФИЦИЈАЛНИ ДОКАЗИ КАКО ВМРО-ДПМНЕ, НА ЧЕЛО СО НИКОЛА ГРУЕВСКИ, ПРЕДИЗБОРНО, ВО ТРИТЕ МЕСЕЦИ ДО РАСПИШУВАЊЕТО НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ГОДИНАВА, ДОШЛЕ ДО ИМОТ НА ИМЕ НА ПАРТИЈАТА ОД НЕВЕРОЈАТНИ НАД 1.600.000 ЕВРА. ГРУЕВСКИ И ВМРО-ДПМНЕ ДОШЛЕ ДО СТАНОВИ, ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИ, ЗЕМЈИШНИ ПАРЦЕЛИ КАДЕ ШТО СТИГНАЛЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА. ВО САМО НЕКОЛКУ ДЕНА, ВО МЕСЕЦИТЕ НОЕМВРИ, ДЕКЕМВРИ И ЈАНУАРИ.  Еве докази. Ова се катастарските листови на имотот чијшто сопственик станала владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ. На 20 ноември 2013 година, ВО САМО ЕДЕН ДЕН, вредноста на стекнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ, според овие документи е над 300.000 евра:  Стан во Берово со помошни простории, во вкупна квадратура над 110 м2, по пазарна вредност од околу 45.000 евра. Станови во Велес, во вкупна квадратура од околу 130 м2 и над 100 м2, по пазарна вредност од околу 150.000 евра. Три деловни простории во скопската општина Аеродром, со вкупна квадратура од 72 м2, или пазарна вредност од околу 110.000 евра. Еден ден подоцна, на 21 ноември 2013, ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци дошла до стан вреден околу 70.000 евра. Еден ден подоцна, на 22 ноември 2013, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ станале сопственици на два деловни простора во Струмица, од по 50-тина м2, во пазарна вредност од околу 150 илјади евра. ИЛИ, САМО ВО НОЕМВРИ 2013 ГОДИНА ВМРО-ДПМНЕ ДОШЛА ДО ИМОТ ОД ОКОЛУ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА. ДО СТАНОВИ И ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИ ВРЕДНИ ОКОЛУ 500.000 ЕВРА! Да видиме што им успејало на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ еден месец подоцна?! Во декември. ВО ЕДЕН ДЕН. НА 23 ДЕКЕМВРИ 2013 ГОДИНА, СТАНАЛЕ СОПСТВЕНИЦИ НА СТАНОВИ, ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ, ЗЕМЈИШТА, ВО ВРЕДНОСТ ОД ФАНТАСТИЧНИ ОКОЛУ 800.000 ЕВРА! Во Кисела Вода, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дошле до деловен простор од околу 90 м2 и стан, според пазарните цени на чинење по квадрат, од околу 190.000 евра. Во Аеродром, во истиот ден, станале сопственици на две деловни простории од по 40-тина м2, со гаражи, за околу 150.000 евра. Во Радовиш, имале потреба од куќа во вкупна квадратура од 165м2 и 87 м2, што според пазарните цени чини околу 90.000 илјади евра.Во истиот ден, 23 декември, се стекнале со и со стан во Виница, во вредност од околу 27.000 евра. Не е ова се. Во Охрид, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ станале сопственици на два деловни простора од 90м2 и 33 м2, на атрактивна локација во градот, по вкупна пазарна вредност од неверојатни над 300.000 евра! Партијата на Груевски, имала потреба и од деловен простор во Таринци, по цена на чинење од околу 20 илјади евра! Имот од околу 800.000 евра на име на ВМРО-ДПМНЕ, во само еден ден, во декември. И сега да видиме што правеле Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во ЈАНУАРИ. Точно на месец до распишувањето на изборите. На три дена по Нова Година, на 3-ти јануари 2014, станале сопственици на деловен простор во Штип од 150м2, по пазарна вредност од 225.000 евра. На 20 јануари дошле до стан во Петровец од 25.000 евра и до имот во Пробиштип од 100м2 вреден 50 илјади евра. Еден ден подоцна, на 23 јануари 2014 во Пехчево се стекнале со стан со помошни простории во вредност од околу 30.000 евра. ВО ЈАНУАРИ 2014, НИКОЛА ГРУЕВСКИ И ВМРО-ДПМНЕ СТАНАЛЕ СОПСТВЕНИЦИ НА НЕДВИЖЕН ИМОТ ОД ОКОЛУ 300.000 ЕВРА. ИЛИ, ЗА ТРИ МЕСЕЦИ, НОЕМВРИ, ДЕКЕМВРИ 2013 И ЈАНУАРИ 2014 ГОДИНА НИКОЛА ГРУЕВСКИ И ВМРО-ДПМНЕ СЕ СТЕКНАЛЕ СО СТАНОВИ, ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ И ЗЕМЈИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА ВО ВРЕДОСТ ОД НАД 1.600.000 ЕВРА!“ истакна Заев.

Заев рече дека СДСМ, во ноември, во време кога Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на големо го проширувале партискиот имот, го обелодени Ревизорскиот извештај, во којшто е изразена резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ потпишани лично од Никола Груевски.
 
„Институциите, до овој момент не мрднаа со прст да постапат по овие наводи на Ревизорот. Се молчи и за Финансискиот извештај на ВМРО-ДПМНЕ, за изборите во 2011-та година, којшто покажа финансиска дупка на оваа партија од 3.500.000 евра. ВМРО-ДПМНЕ, којашто во 2011 година имала долг од 3.500.000 евра, денес, само три години подоцна, како во феудализмот, станува сопственик на што ќе стигне во Македонија. Те прашувам Никола Груевски, Како ти успева само на тебе, на твоите функционери и на ВМРО-ДПМНЕ, да се богатите во граници што ја надминуваат секоја разумна логика? СО ЧЕСНОСТ ЛИ СЕ КУПУВА ГРУЕВСКИ ИМОТ ОД НАД 1.000.000 ЕВРА ВО САМО ДВА ДЕНА, ИЛИ ИМОТ ОД НАД 1.600.000 ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ? ИЛИ СО ПРИМАЊА КЕШ?“– запраша Заев.
 
Заев го повикува премиерот Груевски, како што рече да престанел да се крие, да излезе пред македонската јавност и да ги признае сите финансиски скандали во коишто е длабоко влезен и тој лично и тесната група околу него.
 
„Потоа да замине од власта и да ги ослободи и граѓаните и државата од товарот што поради него го носат на плеќите 8-ма година досега.“– додаде Заев.