Претставници на СВР Охрид на прием кај градоначалникот Бакрачески

По повод 7 ми Мај-Денот на полицијата, градоначалникот Бакрачески организира прием за менаџментот  на Секторот  за внатрешни работи од Охрид.

Традиционално, на најдобриот полицаец Милисав Велоски , од СВР-Охрид, му беше врачен телевизор.

Во своето излагање, градоначалникот Бакрачески им го честита 7-ми Мај и им посака успешна работа во периодот што претстои.

„Во иднина очекувам поголема соработка со припадниците на полицијата бидејќи токму интензивирањето на соработката ќе се одрази врз општата безбедност во општината“, –  рече градоначалникот Бакрачески.

Претставниците на СВР Охрид изразија благодарност и  надеж за понатамошна соработка и истакнаа дека уште повеќе ќе работат на унапредување на редот и мирот во градот.