Делегација на Општина Охрид денеска по повод Денот на победата над фашизмот, 9-ти мај, положи свежо цвеќе пред спомениците на паднатите борци во НОБ во Дебрца.
На тема „Македонија во борбата против фашизмот“ пригодна реч одржа Гоце Георгиески, претседател на Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Општина Дебрца.