Градоначалникот д-р Никола Бакрачески, денеска свечено ја отвори Петтата меѓународна научна конференција посветена на греењето и ладењето со амонијак. На конференцијата што ја организираат Машинскиот Факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ и Институтот за ладење од Париз, учествуваат 85 научни работници од 30 земји од светот.
Посакувајќи им успешна работа и пријатен престој, градоначалникот Бакрачески пред учесниците истакна дека нивната конференција е уште еден пример дека Охрид е вистинското место за одржување на вакви научни настани. Преку нив, како што рече градоначалникот Бакрачески, се подржува развојот на конгресниот туризам и на специфичен начин, Охрид се промовира во светот.