Пад за едно место на ФИФА рејтинг листата, Македонија 84-та

По изминат месец без одиграни натпревари, фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од едно место според најновата ФИФА рејтинг листа и се најде на 84-то место.

Од нашата група А, во квалификациите за Светското првенство Бразил 2014, Хрватска остана на 4-то место, Белгија со скок од +1 се најде на 15-то место, Србија остана на 40-то место, исто и Велс остана на 49-то место, а Шкотска со пад од -1 место на 78-то место.

Врвот на ФИФА рејтинг листата и понатака остана непроменет каде се наоѓа водечката тројка Шпанија, Германија и Аргентина.

Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Гренада, која со скок од +20 места се најде на 121-то место. Додека пак најголем пад имаше репрезентацијата на Ст.Винсент од -10 места и се најде на 131-то место.

WebOhrid