Охрид со низа активности го одбележа Денот на Европа

По повод Денот на Европа во Охрид се организираа повеќе активности. Во општинскиот Центар за услуги беше промовирана ЕУ инфо точка, односно европско катче, каде што граѓаните ќе имаат можност да ги добиваат сите информации кои што се однесуваат на Европската унија. Гости во нашиот град се амбасадорот на кралството Холандија Мариет Шурман и амбасадорот на Кралството Шведска Ларс Валунд.

„На тој начин нашите граѓани од Охрид ќе бидат во тек со сите случувања кои што се случуваат во рамки на ЕУ, дали се тоа определени огласи, конкурси, информации и едноставно денешниот ден го користиме практичнo да направиме еден спoј помеѓу граѓаните на општина Охрид и сите случувања во ЕУ. Така да, ова катче ги поканувам граѓаните масовно да користат. Ова е еден дел од нашите проекти кои што ги работиме заедно со делегацијата на европската комисија, заедно со почитуваните амбасадори. Се надевам дека ова е еден скромен почеток на интезивна соработка, многу скоро во Охрид ќе видиме конкретни европски проекти кои што заеднички ќе ги реализираме“. – изјави секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески.

Амбасадорката на кралството Холандија Мариет Шурман изрази огромно задоволство што денес на Денот на Европа присуствува на свеченото отворање на Еу катчето во Охрид.

„Како претставник од земја на Европската Унија, се надевам дека со отварањето на ова катче сите граѓани во Охрид ќе бидат по информирани и ќе ги добиваат сите потребни информации што се, се случува во ЕУ. Да научат како нивните соѓрагани во Европа функционираат, ова да послужи како некој линк помеѓу нив и граѓаните на Европа, да научат кои се нивните потреби, кои се потребите за интеграција во Европа, да бидат што поблиску што се однесува до можните проекти, кои можат да бидат помеѓу Европа и нашата земја, патувањата во државите и.т.н.“ – истакна Шурман.

И амбасадорот на кралството Шведска Ларс Валунд задововолен што денес на овој ден е во Охрид.

„Мислам дека е добра идејата што  имате ЕУ катче веќе во Охрид. Ако сакате добар наслов за на вести може да напишете Охрид е поблиску до Европа. Значи преку ова ЕУ катче Вие и Охрид ќе бидете поблиску до Европската мрежа. Значи сега просториите се сега и службено отворени, сега зависи од самите граѓани колку ќе го користат ова катче. Се надевам дека ќе го искористите Еу катчето“. – изјави Валунд.

Веднаш по отварањето на Еу инфо точката официјалната програма продолжи на градскиот плоштад каде што пред присутните се обрати градоначалиникот на Охрид Никола Бакрачески.

„Охрид има чест да биде дел од одбележувањето на 9 мај Денот на Европа, бидејќи на тој начин сме дале доволен придонес за нашата цел да бидеме дел од европскиот дом во кој ќе делиме заеднички вредности и заеднички идеи. Древниот Охрид е вистинско место од каде што уште еднаш можеме да ги упатиме пораките за чување на цивилизациските вредности како темел за развој на современите демократски процеси. Низ вековите Охрид бил крстосница на цивилизациите и еден од столбовите на развојот на општочовечките хуманистички принципи. Токму затоа, убедени сме дека охридските длабоки и цврсти просветителски, културни и духовни корени, ќе бидат дополнителен, заеднички предизвик за забрзување на процесот за влез на Република Македонија во големото европско семејство.“ – истакна Бакрачески.

На плоштадот учество зедоа основни и средни училишта од Охрид како и Црвен Крст. Забавата беше збогатена со настап на ОСУ  “Св. Климент Охридски” (гимназиски хор), Диригент: Г-дин Aлександар Димоски. Настапи и Куд “Ѓердан“ (сплет на народни игри) Mузичи точки од училиштата ОУ Христо Узунов-ОМУ„Методи Патче“ОУ„Св.Климент Охридски‘‘ОУ„Кочо Рацин‘‘ОУ„ЖивкоЧинго‘‘ –Велгошти-ОУ„Братство-единство‘КУД “Ѓердан“ (сплет на народни игри ) КУД “Охриѓанка“ Група “Back Door Band”.

WebOhrid