Министерството за здравство ја заокружи првата фаза од проектот за престој на специјалисти лекари од Соединетите Американски Држави во нашите јавни здравствени установи. Во изминатите три месеци во нашите установи претстојуваа 12 специјалисти од повеќе области, интерна медицина, кардиологија и електрофизиологија, неонотологија, ургентна педијатрија, онколошка хирургија, оториноларингологија, гинекологија и акушерство, радиологија, семејна медицина, како и експерти во управување со здравствените установи.
„Најмалку 300 специјалисти на терцијално и секундарно ниво имаат директен бенефит од размената на знаења и искуства кој што го овозможи овој проект. Оваа бројка дирекно ќе влијае на нашата заложба за подигнување на квалитетот на здравствените услуги“, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
Во нашиот здравствен систем, како што кажа Тодоров, воведени се повеќе нови методи меѓу кој е и „bubble CRAP“ нов метод за механичко вентилирање на бели дробови кај новороденчиња родени со ризик. Станува збор за помалку инвазивна техника и лекувањето е побрзо во однос на класичната машина за дишење. Методот е за првпат самостојно изведен од наши специјалисти врз дете кое се наоѓа на интезивна нега во Детската клиника.
Специјалистите од Америка престојуваа во повеќе здравствени установи главно во универзитетски клиники на терцијално ниво, но и во Градската општа болница „8 Септември“, Клинчката Болница во Штип и Општата Болница во Кочани, тие воведоа десетина нови процедури, методи или системи на работа што претходно не посоеле во начето здравсво.
Првиот дел од проектот е оценет како успешен и се очекува реализирање на втората фаза во почетокот на септември. За есенската фаза има најава за 25 доктори специјалисти од САД што би сакале да работат и да пренесуваат знаења на македонските колеги.