Се расчистува отпадот кој плива по каналот „Билјанини Извори“

Деновиве екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ интензивно го расчистуваат каналот „Билјанини Извори“ од натрупаниот отпад. Заради специфичноста на теренот отпадот од езерските води се расчистува рачно со помош на чамци при што се ангажирани 4 вработени. Во должина на целиот канал пливаат големи количини трска, пластика, хартија и друг вид отпад, при што се очекува да се подигнат 10 м³ отпад.