Затемнување на Сонцето, видливо во Австралија

Затемнувањето на Сонцето денес беше видливо на територијата на Северна Австралија, кога Месечината го засени Сонцето оставајќи само „огнен прстен“.

Еклипсата траеше од 3 до 6 минути, во зависност од локацијата, и успеа со 95% да го сокрие за момент Сонцето. Делумно затемнување можеа да проследат жителите и во другите делови од Австралија, како и Индонезија, Нов Зеланд и Јужниот Пацифик.