Министерството за финансии ќе врати 20 милиони евра во стопанството

Министерството за финансии преку државни записи на нето-основа ќе врати во стопанството 1.215.000.000 денари, односно 20 милиони евра.

Како што стои во соопштението, утре Министерството за финансии по основ на доспеани записи ќе исплати 3.500.000.000 денари, додека на денешната аукција запиша 2.285.000.000 денари, или 1.215.000.000 денари помалку. Овие 1.215.000.000 денари или 20 милиони евра ќе бидат вратени во стопанството за подобрување на ликвидноста на фирмите и граѓаните.

„Со ова Министерството за финансии продолжува да го поддржува домашното стопанство преку подобрување на ликвидноста“, се наведува во соопштението.