Првиот спот снимен во вселената

Канадскиот астронаут Крис Хедфилд е снимен како ја пее песната од Дејвид Боуви „Space Oddity“ додека лебди во зоната без гравитација на Меѓународната вселенска станица. Најверојатно станува збор за првото музичко видео снимено во вселената.

Видео спотот беше објавен на интернет и предизвика огромно внимание, на само еден ден пред Крис Хедфилд и неговиот американски колега Томас Масбурн да се вратат на Земјата.