Со цел превентивно да се делува во заштитата на здравјето на корисниците на услугите кои ги нуди јавното претпријатие „Градски пазар“, односно да се редуцираат и уништат причинителите кои штетат на човечкото здравје, стручни лица извршија дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просторот определен за продажба на земјоделски производи.
Со ваквата активност се преземаат превентивни мерки за спречување на појава од инсекти и глодари кои имаат епидемиолошко значење поради пренесување на заразни болести.
Според Законот за заштита на населението од заразни болести, превентивна дезинфекција е задолжителна во здравствените установи, училишни, предучилишни и социјални установи, угостителски објекти и јавни објекти (аеродроми, пазари, станици и сл.), како и во објекти за производство, промет и складирање на храна.
Превентивната дезинфекција се врши на секои шест месеци од стручни лица на фирма регистрирана за оваа дејност.