Интензивно продолжува санацијата на ударните дупки низ градот

Планираните комунални активности за санација на ударните дупки на улиците на територијата на општина Охрид  продолжуваат со несмален интензитет.

Како што беше најавено, во соработка со Агенцијата за патишта на Р.Македонија, денеска екипи на подрачната секција на „Македонија пат“ во Охрид работат на асфалтирање на дупките на Булеварот „Туристичка“.

„Најкритичните места на улиците во градот се санирани. Според планот за санцација, задоволителна е динамиката и се надевам дека за скоро ќе  имаме комплетно санирани дупки по улиците на градот, така што и тој проблем ќе биде надминат,а во иднина  во согласност со Програмата за работа на Локалната самоуправа ќе започнеме со реализација на конкретни проекти, како асфалтирање на улици и градење на нова патна мрежа“, – истакна секретарот Димитар Спасески.

Уредувањето на улиците и коловозите продолжува во континуитет.

Sanacija1 Sanacija3