Македонската женска репрезентација до 17.години по изведување пенали ја совлада селекцијата на Црна Гора на развојниот турнир на УЕФА во организација на ФФМ во Струмица и Турново. Во регуларниот дел од натпреварот двете репрезентации постигнаа по еден гол. Симона Крстаноска во 70. минута го постигна погодокот за Македонија. Нашата репрезентација играше во почетен состав: Пеева, Дамеска, Арсовска, Николова, Дамеска, Кокаловска, Левкова, Марковска, Шкјипе, Крстаноска и Скерлевска. Селекторот Изов им даде шанса за настап и на Бошеска, Николовска и Трајковска.
-Недостасуваше спортска среќа за победа на нашата репрезентација. Не го отворивме натпреварот најдобро, но во најбитните моменти од второто полувреме успеавме да се консолидираме и да ги свртиме работите во наша корист. Покажавме силен карактер по водствтото на Црна Гора, успеавме од пенал да го израмниме резултатот, во последните десетина минути создадовме две одлични шанси за втор погодок, но за жал не ги искористивме. Победивме на пенали и најважно е дека запишавме три бода. Вториот натпревар против Босна и Херцеговина веројатно ќе решава за победникот на турнирот. Се надевам дека ќе прикажеме подобра и многу поефикасна игра и ќе им се реваншираме на босанците за поразот во Хрватска, изјави селекторот Македонија, Кирил Изов.
На теренот во Турново, на вториот натпревар меѓу репрезентациите на БиХ и Бугарија, босанките славеа со 3:1. На стадионот „Младост“ во Струмица, денеска од 16:00 часот нашата репрезентација игра против БиХ.