СОНК бара итно да се повлече правилникот за проверка на оценувањето на наставниците и да се реализира ветеното покачување на платата

Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. на вонредната Седница одржана на 11 Мај 2013 година, расправаше за актуелните состојби во дејностите детска заштита, основно, средно, високо образование, наука и култура. Советот неподелено констатира дека подолго време има изразено незадоволство кај најголемиот дел од членството на СОНК заради не реализирање на неколку многу значајни прашања од економско – социјалниот интерес на вработените. Незадоволството преминува во се по изразен револт кој се упатува кон повисоките органи на СОНК со барање за итно преземање на мерки со кои неодложно ќе се изнајдат решенија за надминување на ваквата состојба. Незадоволството и револтот се заснова и на фактот што за овие актуелни проблеми СОНК поодамна, а за некои дури и повеќе години наназад, води преговори со надлежните министерства, но сеуште нема никаков конкретен резултат. Се подржува конструктивниот и коректен однос на СОНК во однос на социјалното партнерство и дијалог на сите нивоа, но се очекува и се бара соодветно однесување и на социјалните партнери. Посебно беше издвоено избрзаното и без земање во предвид на укажувањата од страна на СОНК, на Министерството за образование и наука во врска со екстерното оценување на наставниците. Донесувањето на последниот Правилник од 26-04-2013год. со кој наставниците се доведени во исклучително неприфатлива состојба, кој навлегува и во судир со одредени одредби од ЗРО, како и посебните закони за основно и за средно образование и исто така со посебните колективни договори за основно и за средно образование.

Мошне изразен е и револтот во детските градинки со не примена на колективниот договор во делот на платата, иако од неговото потпишување до сега поминаа повеќе од две години, како и големиот број вработени во детските градинки кои со години се волонтери или на определено време и не унапредување на дел од вработените кои подолго време се стекнале со повисок степен на образование и наместо нив се пополнуваат упразнетите работни места со нови вработувања.

Посебно е изразен и револтот во установите од културата поради не склучување на новиот колективен договор за оваа дејност, иако преговорите помеѓу СОНК и Министерството траат повеќе од четири години. 

Претседателите на Регионалните одбори на СОНК подолго време доставуваат информации до највисокото раководство на СОНК за реакциите и незадоволството во синдикалните организации на СОНК, а на вонредната седница дел од нив пренесоа состојби во повеќе синдикални организации за итно преземање на одредени мерки, или пак доколку тоа не биде направено се по изразена е опцијата за само организирање на вработените. 

Советот на СОНК, по претходна исцрпна расправа на Претседателството на Советот на СОНК, зачувувајќи го принципиелниот коректен и конструктивен однос , но и преземајќи ја одговорноста во делот на сопствените надлежности во застапување и заштита на легитимните интереси и целосно почитување на законите во нашата држава, на вонредната седница едногласно ги усвои следниве :

Б А Р А Њ А

1. Министерството за образование и наука под итно, а најдоцна до 17-05-2013год. да ги повлече правилниците за начинот на проверување на објективноста на наставникот за основно и средно образование, објавени во Сл. Весник бр. 62 од 26-04-2013 год. се додека не бидат отстранети сите причини за револт на наставниците. (Потсетуваме на договорот на 9-та Седница на Советот на СОНК одржана во Струга, каде што беше договорено со министерот за образование и наука за заедничка активност при носење на закони или акти што се особено важни во делот на економско – социјалната положба на вработените во образованието и науката.)

2. СОНК и МОН веднаш да ги продолжат преговорите за склучување на Колективен договор за високо образование и наука.

3. Да започнат преговори помеѓу СОНК и МОН за корекција на основната плата во делот на образованието.

1.Министерството за труд и социјална политика и СОНК итно да потпишат Спогодба со која ке се утврди датумот на започнување на примената на Колективниот договор за детска заштита во делот на плати.

СОНК бара исплатата да започне од септември 2013год со динамика која ќе биде договорена помеѓу потписниците.

Доколку од објективни причини тоа не е можно , бараме исплатата да по започне во целост од 01-01-2014год.

2. МТСП веднаш да започне со трансформација на работните договори согласно Спогодбата од 2008 год.

1.СОНК и министерството за култура итно да продолжат со преговорите за склучување на нов колективен договор за култура и потпишување на истиот најдоцна до почетокот на септември 2013год.

SONK2

 

Советот на СОНК исто така заклучи најдоцна до крајот на овој месец да одржи нова седница, на која ќе се изврши оценка на степенот на реализирање на овие Барања.

 

Доколку не се наиде на разбирање по однос на оправданите барања, можно е, да се преземат и други чекори, согласно загарантираните права и важечките закони, односно согласно Уставот на Република Македонија.

текст и фото: ДИМ ДОН