Денеска екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ спроведуваат широко-опфатна акција за средување на с.Велгошти. Се коси тревата покрај коловозот, се дотерувааат зелените површини, се расчистува натрупаниот и расфрлан отпад, а јавните површини се метат. Исто така рачно се расчистува речното корито на Велгошка река од пластика и расфрлан градежен шут.
Со ваквите активности ќе се продолжи и во останатите делови од Охрид и приградските населби.