Санација на тротоарите на улицата „Никола Карев“

Екипите на ЈП „НИСКОГРАДБА“, денеска започнаа со градежни зафати за промена на оштетената подлога на тротоарите на улицата „Никола Карев“.

Оштетените делови ќе се санираат со бехатонска подлога, а со тоа ќе се  подобри инфраструктурата и  безбедноста при движењето на пешаците.